Филе-тешко разбирлива е одлуката за референдум во Албанија

Еврокомесарот Штефан Филе

Еврокомесарот за проширување на ЕУ Штефан Филе е против организирање референдум во Албанија, на кој граѓаните треба да се изјаснат за три закони, чие усвојување е од клучно значење за европската перспектива на земјата.
Во писмената изјава на Филе е наведено дека одлуката на владaта е тешко разбирлива и според него законите кои се однесуваат на процедури треба да бидат усвојувани со консензус меѓу власта и опозицијата.