Повредени и приведени и во денешните протести

Приведени при денешните инциденти во центарот на Скопје

Двајца полицајци се повредени, две возила се целосно демолирани а неколкумина се приведени е неофицијално досегашниот исход од немирите кои се случуваат во моментов во Скопје. Полицијата засега нема официјални бројки освен потврда дека е регистрирано нарушување на јавниот ред и мир. Полициското обезбедување низ центарот на градот е зголемено.
Демонстранти од албанска националност се собраа пред Владата на контрапротест по вчерашните протести на група млади македонци поради изборот на Талат Џафери за нов министер за одбрана. Албанците кои протестираат изјавија дека демонстрираат против вчерашното насилство.
Полицијата со солзавец се обиде да ја разбие толпата. Во вчерашните протести против назначувањето на Џафери на оваа функција приведени се 18 лица а 16 лица меѓу кои 11 полицајци се повредени, потврдуваат од МВР.