Мадуро: Чавез е на хемотерапија

Чавез прима хемотерапија и е со„висок морал“, порача потпретседателот Николас Мадуро. Тој додаде и дека минатата недела Чавез одлучил да го продолжи лекувањето во воената болница во Каракас. Мадуро ги демантираше тврдењата дека Чавез е на умирање, обвинувајќи ја опозицијата дека шири гласини со цел да ја дестабилизира земјата.
Опозициониот лидер Енрике Каприлес синоќа изјави дека Владата на Венецуела лаже за здравствената состојба на претседателот Чавез.