Обама најавува посета на Русија

Американскиот претседател Барак Обама ќе отпатува во Санкт Петербург во септември на самитот на Г20. Во соопштението што го објави Белата Куќа се потврдува и неговото присуство на самитот на Г8 во Северна Ирска во јуни. Потврдата за неговото присуство на двата самити следи по претходниот телефонски разговор меѓу Обама и рускиот претседател Владимир Путин. Белата Куќа и Кремљ потврдија дека двајцата претседатели ќе се сретнат на маргините на двата самита. Односите меѓу Вашингтон и Москва се затегнаа по неколку прашања почнувајќи од разликите околу решавањето на сирискиот конфликт па до забраната за присвојување руски деца од страна на американски семејства.