Кери го критикуваше Давутоглу за анти-изарелските изјави

Американскиот државен секретар Џон Кери денеска во Анкара имаше средби со неговиот турски премиер Ахмет Давутоглу и со премиерот Реџеп Таип Ердоган. На заедничката прес конференција со Давутоглу, Кери остро ги критикуваше коментарите на Давоутоглу во врска со ционизмот. Кери истакна дека е потребно да се промовира толеранција од страна на сите лидери во светот. Имено, Давутоглу на конференција во Виена во средата, изјави дека исламофобијата треба да биде третирана како криминал против човештвото исто како ционизмот, анти-семитизмот и фашизмот. Израел и Турција треба да ги обноват меѓусебните добри односи, порача Кери.