Постигнат договор, СДСМ ќе учествува на локалните избори

Постигнат е договор за надминување на политичката криза во Македонија, со што евроагендата се враќа повторно во приоритетите на земјата, потврди попладнево претседателот Ѓорге Иванов по заедничката средба во вилата „Водно“ со европската тројка преводена од еврокомесарот Штефан Филе, премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски.
Договорено е да се обнови политичкиот живот во земјата, сите политички партии да се вратат во Собранието и да учествуваат на локалните избори. Нема одложување на локалните избори, а веднаш треба да се формира заедничка комисија за расчистување на настаните во Собранието од 24 декамври.
Одговорајќи на новинарско прашање дали постигнатиот договор подразбира можност и за одржување предвремени парламентарни избори, известувачот за Македонија во Европскиот парламент Ричард Ховит, одговори потврдно, но не прецизира кога тие би можеле да се случат.