Обама ќе чека до полноќ за буџетските кратења

Автоматските буџетски кратења од околу 85 милијарди долари би требало да стапат во сила, меѓутоа американскиот претседател Барак Обама денеска ќе чека до последната можна минута за да издаде наредба. Кратењата на домашното и одбранбеното трошење се речиси сигурни откако Белата Куќа и републиканците во Конгресот не успеаја да ги надминат разликите околу справувањето со долгот на земјата од 11, 7 билиони долари.
Кратењата се дел од законот донесен пред две години, кој е толку ригорозен со цел да ги натера демократите и републиканците да постигнат компромис. Предвидени се кратења од 5 насто кај домашните агенции и 8 проценти кај Пентагон во периодот меѓу 1 март и 1 октомври.
Портпаролот на Белата Куќа Џеј Карни изјави дека претседателот Обама ќе чека до 23 часот, 59 минути и 59 секунди пред да ја издаде наредбата.