Времето сончево и потопло

Времето во Македонија ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност и потопло. Утринската температура се движи од минус четири до два, а дневната ќе биде од девет до 13 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Утринската температура се спушти до минус еден, а дневната ќе се искачи до 12 степени.

В сабота повторно се очекува зголемена облачност и умерен до засилен северен ветер, а ќе има и услови за слаби локални врнежи од дожд во јужните и западните делови од земјава, а на планините слаб снег.

В недела и во првите денови од наредната работна седмица времето ќе биде повторно стабилно и суво.