Груевски изрази надеж дека опозицијата ќе ја промени одлуката

Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски изјави денеска дека направиле многу иницијативи со кои сакале да и подадат рака на СДСМ да излезе од ситуацијата, но досега сите биле отфрлени, поради нивното неразумно однесување. Груевски за време на посетата на поплавените подрачја во Свети Николе рече и дека СДСМ прави сериозни грешки.
Премиерот порача дека измената на законот е донесена во Парламентот и можноста е на маса, при што изрази надеж дека ќе преовлада разумот кај опозицијата и ќе ја променат одлуката која ја донесоа.