САД со дополнителна помош за сириската опозиција

Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави денеска дека Вашингтон за прв пат ќе обезбеди невооружена помош, вклучувајќи храна и медицински материјал на сириските бунтовници кои се борат против режимот на претседателот Башар ал Асад.Кери говорејќи во Рим по средбата на „Пријателите на Сирија“ најави и дека САД ќе издвојат уште 60 милиони долари за сириската опозиција.Според него, целта на таквата одлука е да се зголеми притисокот врз Асад да ја напушти функцијата и да се отвори пат за демократска транзиција на Сирија.
На разговорите присуствуваа и лидерите на сириската национална коалиција, како и претставници на европските и арапските земји кои ги поддржуваат.