Оланд и Путин разговараа за трговија и меѓународни прашања

Францускиот претседател Франсоа Оланд и рускиот претседател Владимир Путин

Францускиот претседател Франсоа Оланд и рускиот претседател Владимир Путин денеска се сретнаа во Москва. Кремљ соопшти дека во фокусот на разговорите биле трговијата и меѓународни прашања.
На почетокот на разговорите Оланд ја потенцираше улогата на двете земји во напорите за решавање на меѓународните конфликти. Тој и се заблагодари на Русија за поддршката на француската воена интервенција во Мали. Путин пак изрази надеж за зголемување на економската соработка.