Расчистување на последиците од поплавите

Поплави во источна Македонија.

Дирекцијата за заштита и спасување соопшти денеска дека излеаните реки се повлекуваат во своите корита поради намалувањето и престанување на врнежите. Евакуирани се 365 лица, а зафатени се околу 3.000 станбени објекти. Земјоделските површини кои се поплавени, според дирекцијата засега не може да се проценат.
Ситуацијата со напукнатата брана на Слатинското езеро се уште е критична, меѓутоа активностите спроведени за намалување на притисокот на водата врз насипот даваат резултати.
Во меѓувреме и Армијата на Република Македонија активно се вклучи со помош и асистенција во отстранувањето на последиците од поплавите, особено во најпогодените реони во источниот дел на земјата.