Волкер не очекува проширување на НАТО на следниот самит

Поранешниот американски амбасадор во НАТО Курт Волкер

Поранешниот американски амбасадор во НАТО Курт Волкер вели дека не очекува и би бил многу изненаден доколку на следниот самит на НАТО дојде до проширување на Алијансата. На ланскиот самит во Чикаго тогашниот државен секретар Хилари Клинтон изјави дека следниот собир на НАТО би можело да биде самит на проширување. Волкер, како што јавува МИА, оценил дека Босна не е подготвена за членство, Македонија е блокирана од Грција, а Црна Гора има мала шанса да добие покана, но не гледа можност да се отвора процесот на проширување само за една толку мала држава. Тој препорачува Македонија да продолжи да работи на исполнување на Охридскиот рамковен договор и интегрирање на албанската заедница, на одржување на политичка зрелост во државата, борба против корупцијата и независност на судството.