Џек Лу, нов министер за финансии на САД

Џек Лу

Американскиот Сенат го одобри наименувањето на Џек Лу за нов министер за финасии. Се очекува во текот на денов Лу, кој порано беше шеф на кабинетот на претседателот Барак Обама, да ја преземе таа функција од Тим Гајтнер. Ден претходно во Конгресот мина наименувањето на републиканецот Чак Хегел за нов државен секретар за одбрана.