Војникот кој испрати документи на Викиликс пред суд

Војникот Бредли Менинг.

Американскиот војник обвинет за испраќање на илјадници доверливи документи на веб-сајтот Викиликс, денеска треба да сведочи пред американскиот воен суд. Против војникот Бредли Менинг се подигнати 22 обвиненија. За време на претходната расправа, тој понуди да се изјасни за виновен, ако се подигнат помалку обвиненија против него, но рече дека нема да се изјасни за виновен за повеќето сериозни обвиненија за „помагање на непријателот“. Менинг има подготвено изјава од 35 страници, која планира да ја чита на сослушувањето. Засега не е познато дали судијата ќе му овозможи да го прочита целиот текст.