Ирак ги обнови летовите кон Кувајт по две децении

Ираки Ервејс

Авион на ирачката авиокомпанија Ираки Ервејс вчера слета во Кувајт, за прв пат по инвазијата на Ирак во Кувајт, предводена од поранешниот диктатор Садам Хусеин во 1990 година. Во авионот допатуваа ирачките министри за надворешни работи и за транспорт кои беа пречекани од кувајтски функционери. Двете земји на крајот на минатата година се договорија Багдад да му исплати обесштетување од 500 милиони долари на Кувајт Ервејс за штетите предизвикани за време на ирачката окупација. Кувајт Ервејс сè уште не ги вратил летовите кон Ирак.