Ивон - Многу е важно итното решавање на политичките несогласувања

Амбасадорот на Обединетото Кралство во Македонија Кристофер Ивон.

Искрено жалиме ако која било страна искажува став за бојкот на изборите. Треба да продолжат напорите за решавање на состојбата и за натамошно зајакнување на демократскиот процес, повика денеска британскиот амбасадор Кристофер Ивон.

„Од извонредна важност е политичките несогласувања итно да се решат, зашто ако не се случи тоа, ќе биде жално да се загрози европскиот пат на Македонија, за кој земјата има постојан поттик од Велика Британија. Затоа апелираме ова побрзо да се реши. Велика Британија гледа на Македонија како на идна земја-членка на Унијата. Членството ќе донесе значителни бенефиции и поволности за сите граѓани на државата. Поради тоа, ние го поттикнуваме решението на оваа криза што е можно поскоро“, рече Ивон во изјавата за
медиумите на денешната презентација на резултатите од проектот „Градење капацитети на Министерството за образование и наука за професионални квалификации“.