„Александарленд“ ќе се гради во Солун

Во Солун ќе се гради тематски парк посветен на Александар Велики, соопшти заменик-гувернерот на грчката област Централна Македонија, Јоргос Цамаслис, кој е одговорен за Солун, информирајќи дека паркот ќе зафаќа површина од 30 хектари.
Проектот, како што пренесе МИА, е насловен „Александарленд“, а посетителите ќе имаат можност детално да се запознаат со животот на македонскиот крал од неговото раѓање, детството, преку образованието и обуката, до неговите походи за освојување на светот
.Паркот ќе изобилува со интерактивни екрани, симулации на борби, аудио-визуелни презентации и изложби. Студијата за паркот им е доверена на експерти од универизтетот Аристотел, а за финансирање на изградбата ќе бидат поканети и заинтересирани меѓународни инвеститори.