Реал убедлив против Барселона

Кристијано Роналдо синоќа постигна два гола

Фудбалерите на Реал од Мадрид синоќа како гости ја совладаа Барселона со 3:1 во реваншот од полуфиналето на шпанскиот куп и се пласираа во завршницата на ова натпреварување. Првиот натпревар во Мадрид заврши нерешено 1:1. Првите два гола за Реал синоќа ги постигна Роналдо, на 3:0 зголеми Варан, а стрелец на почесниот гол за домаќините беше Жорди Алба.
Во финалето Реал ќе игра со подобриот од дуелот Севилја-Атлетико Мадрид.