ЕУ, ОБСЕ и САД: Kонечно да се стави крај на кризата

Шефовите на мисите на ЕУ, ОБСЕ и САД во Скопје, преку заедничка изјава упатија повик до политичките лидери во Република Македонија да преземат одговорност и без одложување да стават крај на актуелната политичка криза во земјата.
"Земјава во моментов се наоѓа на критична крстосница. Моменталната криза ги загрозува аспирациите на граѓаните за подобра иднина, како и политичката стабилност на земјата. Мора да се преземат чекори за одалечување од јавните ултиматуми, фиксни позиции и краткорочни тактики, а кон приближување до директен дијалог и компромис од најдобар интерес за граѓаните и државата. Во овој контекст ги повикуваме политичките лидери да преземат одговорност и без одложување да најдат конечно решение за моменталната политичка криза", се вели во заедничката изјава од ЕУ, ОБСЕ и САД.