Одбележани девет години од смртта на претседателот Борис Трајковски

Macedonia - Observance of 9. anniversary of President Boris Trajkovski's death - 26Feb2013

Во Македонија и во Босна и Херцеговина денеска беа одбележани девет години од смртта на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски, кој загина во авионска несреќа кај Ротимље во близина на Мостар. Семејсвото и бројни делегации положија венци на гробот на Трајковски во Алејата на великаните на Градските гробишта во Бутел. На спомен обележјето во Ротимље, пак, почит на трагично загинатиот македонски претседател му одаде владина делегација предводена од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски. На комеморацијата присуствуваше и висока делегација од Босна и Херцеговина предводена од министерот за земјоделство Мирко Шаровиќ.