Истрага за затајување данок во руски алуминиумски гигант

Руските истражители упаднаа во канцелариите на најголемиот произведувач на алуминиум во светот Русал(Руски алуминиум) во Москва. Портпаролот на Рускиот истражен комитет изјави дека упадот е дел од истрага за затајување данок. Истражителите се сомневаат дека Русал во 2008 и 2009 година затаил данок од околу 6,5 милиони долари. Компанијата смета дека истрагата е резултат на неосновани тврдења.