СДСМ - Предлогот на власта е партиско-полициско насилие

Андреј Петров, секретар на СДСМ.

„Сојузот за иднината“ не одлучи да ги бојкотира претстојните локални избори затоа што немаше време за кандидатски листи, туку заради целосната неодговорност на власта и нивниот партиско полициски пуч!, рече на денешната прес-конференција Андреј Петров, секретар на СДСМ, како одговор на денешниот предлог за нивно учество на локалните избори даден од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

„Денес продолжи партиско полициското насилие, невидено за парламентарни демократии и за земја која претендира да биде членка на ЕУ и НАТО. Пратениците на власта планираат во Собранието, кое го испразнија од опозицијата со полициско насилство, да донесат измени на Изборниот законик“, рече Петров.

Тој потсети на нивниот предлог – ќе учествуваат на локалните избори, но ако победат да има и предвремени парламентарни.