Поплави во источна Македонија

Делови од струмичко, радовишко, кочанско, штипско, светиниколско и кумановско се поплавени по поројните дождови што во изминатото деноноќие ја зафатија Македонија. Урнати се мостови и отсечени села, а прелеваат браните Пишица кај Пробиштип и Градче кај Кочани. Големи штети има на земјоделските посеви.

За да се намали опасноста од уривање на браната Пишица која на неклку места попуштила, отворени се два вентила за побрзо испуштање на водата. Од Дирекцијата за заштита и спасување испорачани се 1.500 вреќи со песок за интервенирање на критичните места.