Временска прогноза-облачно со врнежи од дожд

Времето во Македонија ќе биде облачно. Ќе има поројни врнежи од дожд наместа проследени со грмежи, особено повеќе ќе бидат изразени во источните и југоисточните делови на земјава и тоа во претпладневните и пладневните часови. Кон крајот на денот би требало да има извесно намалување на облачноста и врнежите ќе престануваат. Утринската температура ќе се движи од четири до 10, а дневната од осум до 15 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и можни ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе дистигне до 13 степени.