Опозицијата на протест пред Министерството за здравство

Архивска фотографија: Протест на опозицијата.

Опозицискиот сојуз за иднината предводен од СДСМ денеска протестираше пред Министерството за здравство, кое, како што рече секретарот на СДСМ Андреј Петров, е една од институциите која е симбол на владеењето на овој тоталитарен систем. „Министерот Тодоров ќе биде запаметен како единствен министер кој во својство на шеф на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ забранил легитимен штрајк на една цела гранка особено на една ваква професија како што е докторската професија“, рече Петров. Тој ги повика сите граѓани кои не сакаат да живеат во ваква држава да се приклучат на нивниот активен бојкот, со кој, како што рече, сакаме да покажеме дека Македонија има избор да ѝ покаже на оваа недемократска власт дека треба да си замине.