Пакистан два часа без струја

Карачи, 25.02.2013.

Цел Пакистан синоќа два часа бил без електрична енергија. Властите соопштија дека тоа било поради дефект на мрежата, а не поради саботажа. Во поголемиот дел на земјата повторно е воспоставено снабдувањето со струја. Ваквите појави кога цела земја е под мрак се ретки во Пакистан.