Првата станица на Кери е Британија

Американскиот државен секратар Џон Кери денеска ќе се сретне со британскиот премиер Дејвид Камерон во рамки на неговата прва посета, откако ја презеде функцијата. Тој со Камерон и британскиот секретар за надворешни работи Вилијам Хејг ќе разговара за американско-европските односи, за ситуациите во Сирија, Иран и Северна Кореја. Следна станица за Кери ќе биде Берлин каде ќе се сретне со владини претставници. Тој во својата права турнеја ќе посети девет земји во Европа и Блискиот Исток. При посетата на Италија се очекува во Рим да разговара и со претставници на сириската опозиција. Но дел од претставниците на сириската опозиција најавија дека ќе ја бојкотираат конференцијата поради нереагирањето на меѓународната заедница за заштита на сириското население од насилството.