„Арго“ го освои Оскарот за најдобар филм

Филмот Арго го доби Оскарот за најдобар филм во 2012 година. Наградата ја објави првата дама на САД Мишел Обама заедно со познатиот холувудски глумец Џек Николсон. Квентин Тарантино го има најдоброто оригинално сценарио за филмот „Џанго разузданиот“, додека Ен Ли го освои Оскарот за најдобар режисер за фимот „Животот на Пи“. Оскарот за најдобар актер замина кај Даниел Дел Луис за улогата во филмот посветен на американскиот претседател Абрахам Линколн а за најдобра актерка е избрана Џенифер Лоренс за улогата во филмот „ За добро и Лошо“. Живото на Пи ги доби и Оскарите за кинематографија и за визуелни ефекти, додека за филм со најдобра костимографија е прогласен „Ана Каренина“. 85- тата свечена цереномија за Оскарите се оддржа во театарот Долби во Лос Анџелес.