Уапсени 45 луѓе по протестите во Мадрид

Архивска фотографија.

Шпанските власти соопштија дека уапсиле 45 луѓе, меѓу кои и девет малолетници, по протестите против мерките за штедење во Мадрид. Десетици илјади луѓе протестираа против зголемувањето на даноците, намалувањето на расходите и против високата невработеност. Полицијата соопшти дека групи од младинци синоќа биле вклучени во улични насилства во близина на главната железничка станица по завршувањето на протестите. Десетици луѓе се полесно повредени. Протестите во Шпанија зачестија по серијата владини мерки за намалување на високиот дефицит.