Британија нема да ја менува економската политика

Британскиот министер за финасии Џорџ Озборн изјави денеска дека нема да се смени државната економска политика поради одлуката на агенцијата за кредитен рејтинг „Мудис“ да ја намали кредитната оценка. Тој додаде дека намалувањето на кредитниот рејтинг само ја зголемува за двојно неговата посветеност во спроведувањето на влаиднат аполитика за намалување на буџетскиот дефицит. Агенцијата за проценка на кредитен рејтинг ја намали максималната оценка на Британија од ААА до АА1со образложение дека е ослабена економијата во земјата и поради растечкиот долг на државата.