Намален кредитниот рејтинг на Британија

Американската рејтинг агенција „Мудис“ вчера го намали кредитниот рејтинг Велика Британија за едно ниво, односно од максилмалната оценка која ја имаше ААА ја намали на АА1. Во објасувањето е наведено дека причината за таквата постапка е ослабената економија во земјата и растечкиот долг. Од почетокот на финансиската криза во 2008 година Британија западна во голема криза поради долгови, според меѓународни статистики вкупниот државен долг на земјата во тој период изнесуваше 86 проценти од брутодомашниот производ.
Премиерот Дејвид Камерун кој дојде на власт во 2010 година се обиде да го стави државниот долг под контрола со драстични буџетски кратења. Таквите мерки до сега не покажаа големи резултати, се очекува буџетскиот дефицит кој изнесува речиси 7 проценти, дополнително да се зголеми годинава.