Украина одбива да му плати на Газпром за непотрошен гас

Претседателот на Украина Виктор Јанукович денеска изјави дека Киев нема да ја плати сумата од 7 милијарди долари што ја побарува руската компанија Газпром, за гас кој не го потрошиле во 2012-та. Газпром наведува дека во договорот за испорака на гас, стои дека Украина ќе плаќа за извесно количество гас годишно, без оглед на тоа дали ќе го искористи или не. Јанукович оцени дека таквиот договор не е фер и оти сумата што ја должи Украина за неискористениот гас е поголема од онаа за потрошениот.