Во Египет парламентарни избори од 27 април

Египетскиот претседател Мохамед Морси

Египетскиот претседател Мохамед Морси издаде декрет со што парламентарните избори во таа земја треба да почнат на 27 април, а да завршат во јуни годинава. Гласањето ќе се спроведува во четири фази, а новиот парламент би требало да ја почне работата на 6 јуни. Долниот дом на парламентот беше распуштен во минатата година откако Уставниот суд донесе одлука со која претходниот изборен закон беше прогласен за неуставен.