Вестервеле во посета на Македонија

Министерот за надворешни работи Германија Гидо Вестервеле денеска пристига во Македонија на средби со државниот врв. Како што соопштија МНР и Германската амбасада во Скопје, Вeстервеле ќе се сретне со претседателот на државата Ѓорге Иванов, со заменик-престедателот на Владата за евроинтеграции Фатмир Бесими и со шефот на дипломатијата Никола Попоски. Предвидено е тој да разговара и со претседателот на опозициската СДСМ Бранко Црвенковски. Централна тема на разговорите ќе биде процесот на евроинтеграцијата на Македонија во пресрет на Самитот на Европскиот совет во јуни 2013 година