Повеќе од 60 лица загинале во Дамаск

Повеќе од 60 лица загинале во Дамаск, во текот на еден од најкрвавите денови во главниот град од почетокот на немирите во Сирија, кои траат речиси две години. Ситијските државни медиуми јавија дека 53 лица загинале во експлозија на автомобил бомба во близина на штаб на владеачката партија. Анти – режимските активисти пак тврдат дека во инцидентот загинале 59 лица, со што станува збор за едно од најголемите бомбардирања. За сега никој нема превземено одговорност за нападот а медиумите јавуваат дека уште осуммина загинале во друга експлозија во Дамаск.