Се чека судска одлука за Писториус

Јужноафрикански судија денеска ќе пресуди дали олимпискиот спринтер Оскар Писториус ќе биде ослободен со кауција. Спортистот ја застрела девојка си минатата недела. Обвинителството тврди дека Писториус намерно ја убил 29 годишната Рева Стенкап, додека 26 годишниот Писториус тврди дека станува збор за несреќен случај.