Најмалку 11 загинати во експлозии во јужна Индија

Архивска фотографија.

Најмалку 11 луѓе загинале, а најмалку 50 се повредени во две или три експлозии, што го погодиле преполниот центар на градот Хајдерабад на југот на Индија, соопшти полицијата. Сè уште не се познати причините за експлозиите. Градот Хајдерабад со 6,8 милиони жители е еден од главните бизнис центри во јужна Индија.