Јовановски - Борисов поднесе оставката, а Груевски симулира легитимитет

Зоран Јовановски, потпретседател на опозицискиот СДСМ.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов си поднесе оставката по протестите поради поскапување на струјата, а неговиот македонски колега Никола Груевски создава илузија дека владата има легитимитет, реагира потпретседателот на СДСМ Зоран Јовановски.

„Во Бугарија, владата си поднесе оставка за покачување на струјата од 14 отсто, а во Македонија со Груевски на власт, цената на струјата, на барање на ЕЛЕМ порасна за 82 отсто, а цената на МЕПСО за дури 180 отсто и згора на сè е укината и дневната евтина тарифа“, рече Јовановски.