Мобинг во Македонија

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Скоро 44 проценти од вработените во Македонија се соочуваат со психичко малтретирање на работното место, покажале истражувањата на Канцеларијата за помош и едукација на жртвите на мобинг при Сојузот на синдикати во Македонија. Оттаму ги охрабруваат жртвите на мобинг да не се плашат да пријават дека се соочуваат со таква појава на работното место и да побараат соодветна помош од нив.