Со 209 гласа „за“ бугарското Народно собрание ја прифати оставката на Министерскиот совет, јави БТА. Сите парламентарни групи беа „за“ оставката на премиерот Бојко Борисов и неговиот Кабинет. Петмина независни народни избраници гласаа „против“, а еден - воздржано. По предлог на левицата, дебатите претходно беа прекинати.