Филе - Македонија може годинава да ги почне интеграциите во ЕУ

Eврокомесарот за проширување Штефан Филе.

Можно е Македонија кон средината на годинава да го почне процесот за интеграција во Европската унија, изјави еврокомесарот за проширување Штефан Филе во интервју за австрискиот весник „Клајне Цајтунг“, кое денеска го пренесуваат грчките медиуми. Според него, Македонија и Србија кон средината на годинава можат да ја започнат интеграцијата во Унијата, но нагласи дека „тоа сепак зависи од земјите-членки“. Филе истакна дека, според него, во Унијата „нема замор од нови интеграции“. Тој рекол дека иако вниманието сега е фокусирано на решавање на финансиската и должничката криза во Европа, посочил оти не верува дека процесот на проширување е проблем, туку напротив – секогаш е дел од решението.