Искористени половина од евтините кредити од ЕИБ

Дарио Сканапиеко - ЕИБ

Македонските компании искористиле половина од евтината кредитна линија од Европската инвестициска банка. Од јули кога беше ставена на располагање поддржани се 187 проекти во вредност од 49.996.332 евра.
Како што не информираат од Македонска банка за поддршка на развојот, во постапка на одобрување се нови 23 проекти во износ од 10 милиони, кои ќе се обезбедат со повлекување на нова 5 та транша од кредината линија од 100 милиони евра што ја обезбеди Владата од Европската инвестициска банка.
Од одобрените кредити, најголемиот дел 40 проценти се за производствени компании, за трговија 32 отсто, 11 проценти се во секторот услуги, четири за транспорт и три проценти се кредити за хотели.
Со реализација на досегашните четири транши од оваа трета кредитна линија од Европската инвестициска банка, се отворени 1.314 работни места.