„Шестката“ има сериозна понуда за Иран

Нуклеарна централа во Иран

Шесте светски сили се подготвени за сериозна и значителна понуда до Иран за време на разговорите закажани за идната недела, со цел решавање на ќорсокакот во врска со нуклеарната програма на оваа земја, јавија АФП и Ројтерс, повикувајќи се на анонимен западен дипломат. Тој одбил да даде повеќе детали за понудата, додавајќи само дека таа содржи значајни нови елементи.
Новите разговори ќе бидат одржани во вторник во Алмати, Казахстан, на кои ќе се сретнат претставници на Иран и на САД, Велика Британија, Франција, Германија, Русија и Кина.