Во Јапонија обесени тројца осудени за убиство

Јапонската влада егзекутира тројца затвореници осудени за убиство, што е прва извршена егзекуција од доаѓањето на власт на владата на премиерот Шинзо Абе во декември. Затворениците, меѓу кои и еден осуден за убиство на ученичка, биле обесени.
Последен пат во Јапонија егзекуција беше извршена во септември. Во моментов во земјата има 134 осудени на смрт.
Јапонија и САД се единствените виосокоразвиени демократии каде што сеуште се извршува смртна казна.