Милан убедлив против Барселона

Фудбалерите на Милан ја совладаа Барселона со 2:0 во синоќешниот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите. Головите ги постигнаа Боатенг и Мунтари во второто полувреме.
Во другиот меч Галатасарај и Шалке играа нерешено 1:1, а стрелци на головите беа Бурак Јилмаз и Џонс во првото полувреме.
Реванш натпреварите се играат на 12 март.