Еден милион евра откуп за киднапираните морнари во Нигерија

Илустрација.

Нигеријската полиција соопшти дека пиратите кои киднапираа шестмина странски морнари од брод што превезува нафта бараат откуп од околу еден милион евра. Еден Русин, тројца Украинци и двајца Индијци беа киднапирани во неделата кога вооружени напаѓачи упаднаа на нивниот брод на 65 километри од брегот на богатата со нафта држава Бајелса. Киднапирањето странски работници во богатиот со нафта југ на Нигерија е во пораст. Заложниците често се ослободуваат откако ќе се плати откуп. Во таа област месецов имаше најмалку пет такви напади.