Урбан инвест со пријава против Стевчо Јакимовски

Стевче Јакимовски, градоначалник на општина Карпош.

Фирмата „Урбан Инвест“од Кавадарци поднесе пријава до Државната комисија за спречување на корупција против Општина Карпош и против градоначалникот Стевчо Јакимовски, како и кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје за злоупотреба на службената положба и овластување. Пријавата, соопштуваат од „Урбан инвест“, се однесува за коруптивно однесување од страна на Општина Карпош и нејзиниот градоначалник во врска со доделувањето и реализацијата на договор за јавна набавка на работи Реконструкција на плато „Млечен ресторан“, при што, посочуваат, е повреден Законот за спречување на корупцијата. Тие велат дека избраната фирма на тендерот не поставила гранитни плочки, како што се барало, туку дека поставила терацо плочки, кои се поевтини.

„Од постапувањето на ваков начин, според нас, оштетена е Општина Карпош, а и Урбан Инвест ДОО кој поднесе кривична пријава“, стои во соопштението од „Урбан Инвест“.