Продолжуваат разговорите Дачиќ-Тачи

Денеска продолжува средбата меѓу премиерите на Србија и на Косово, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи со посредство на високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Кетрин Ештон. Дијалогот е посветен на прашањата за институциите во северниот дел на Косово и за офицерите за врски во Белград и Приштина. По вчерашната рунда од преговорите немаше обраќања пред медиумите на учесниците во дијалогот. Дачиќ се сретнал и со американскиот дипломат задолжен за Балканот, Филип Рикер, кој вчера во Брисел разговарал и со косовскиот премиер Тачи.Трилатералните разговори се одржуваат зад затворени врати, па дури и на членовите на делегациите не им е дозволено присуство. Причината што дијалогот ќе продолжи и денеска се важните теми, но и намерата напредокот во дијалогот да се појави во априлскиот извештај на Европската комисија.