САД и Кина во „сајбер војна“

Соединетите Држави и Кина меѓусебно се обвинуваат по бранот сајбер-напади врз американски владини агенции, организации, медиуми и приватни фирми. Портпаролот на Белата куќа Џеј Карни изјави дека САД постојано изразуваат загриженост за "сајбер-кражби" во кои се вклучени високи претставници на кинеските власти, вклучително и во војската. Министерството за надворешни работи на Кина ги отфрли како неосновани обвинувањата за вклученост на владата во хакирањето . Министерството соопшти дека токму Кина била голема жртва на хакирањето и дека повеќето сајбер-напади врз кинески сајтови потекнуваат од САД. До препукувањата дојде откако компанијата Епл соопшти дека неодамна била нападната од хакери кои ги заразиле Мекинтош компјутерите на неколку вработени. Се уште нема јасни докази за тоа кој стои зад нападот.